2.ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ НА ПОЛСКИ ФИЛМОВИ „ВИСЛА“ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Почитувани гледачи, со задоволство објавуваме, дека во Северна Македонија започнува второто издание на Полскиот филмски фестивал „Висла“, кој ќе се одржи во рамките на осмиот македонски фестивал „Киненова“ од 13 до 18 октомври во Скопје. По многу успешното прво издание минатата година, се надеваме дека и годинашниот фестивал ќе биде исто толку возбудлив.

Првиот филм што ќе го претставиме пред македонската публика ќе биде „Опасни господа“ во режија на Мацеј Кавалски. Станува збор за криминална комедија која македонските гледачи ќе ги однесе во Закопане во 1914 година. Таму, главните ликови мора да се ослободат од сомнежите и да ја разберат мистериозната смрт на мртов човек пронајден по луда ноќ. Гангстери, уметници и политичари ќе ги запознаат посетителите на фестивалот „Киненова“ со свет полн со интриги.

Нашиот избор падна и на филмот „Орел. Последна патрола“ на Јацек Блавут. Станува збор за воена драма чии херои се екипажот на полската подморница „Орел“. Филмот претставува несекојдневно патување назад во времето до 1940 година, кога бродот тргнува на опасна мисија во Северното Море.

Второто издание на фестивалот „Висла“ во Македонија ќе биде вистинска временска машина. Следен филм што би сакале да им го претставиме на жителите на Скопје е „Брижит Бардо - чудесна“ на Лех Мајевски. Ова е драма што ќе ги врати гледачите во времето на Народна Република Полска. Главниот лик Адам, живее со својата мајка, а функционерите од служба за безбедност ги вознемируваат. Таткото на Адам, пилот од Втората светска војна исчезна, а неговиот син сонува, дека еден ден тој ќе се врати.

Последниот филм кој би сакале да го препорачаме на македонската публика е „25 години невиност“ во режија на Јан Холоубек. Станува збор за потресна приказна заснована на вистински факти за неправедно осудениот човек, Томаш Коменда. Со години мораше да се бори за правда и вистина, обидувајќи се да си го врати својот живот.

Целта на фестивалот „Висла“ е да ја претстави полската култура во странство и да ја промовира полската кинематографија. Затоа сме горди што можеме да ги претставиме овие уникатни филмови на меѓународната сцена, а никако не го успоруваме темпото. Нашите проекции во Азербејџан се уште траат. Наскоро повторно ќе се сретнете во Словенија. Наши следни дестинации се Турција, Романија и Молдавија. Ако сте љубопитни за нашиот фестивал и сакате да дознаете повеќе, следете ја веб-страницата на фестивалот www.festiwalwisla.pl, како и нашите социјални медиуми: профил на Фејсбук (Polish Film Festival "Vistula"/ Festiwal "Wisła") и Инстаграм (vistula_festival), каде што Ве известуваме за сите наши тековни настани. Ви посакуваме незаборавни проекции и многу прекрасни впечатоци на фестивалот „Висла“. До видување во кино!

wisła

ДИРЕКТОР НА ФЕСТИВАЛОТ

Małgorzata Szlagowska-Skulska
malgorzata@ear.com.pl

МЕНАЏЕР НА ПРОЕКТОТ

Izabela Gierczak
iza@ear.com.pl

ORGANIZATOR
Fundacja Nowa Przestrzeń
Warszawa
+48 22 523 41 18

ДРУГИ ДРЖАВИ

www.festiwalwisla.pl