Жанр: воена драма
Режија: Јацек Блавут
Сценарио: Јацек Блавут
Музика: Tумулт
Фото: Јоланта Дилевска
Монтажа: Пјасек & Вујчик
Продуценти: Ана Блавут-Мазуркjевич, Бартломиеј Глињски
Продукција: Aура Филм
Година на производство: 2022 година
Времетраење: 104 мин
Улоги: Томаш Зјетек, Матеуш Кошчиукjевич, Антони Павлицки, Филип Плавјак, Томаш Шухарт, Адам Воронович, Рафал Завјеруха
Награди:
2022 Гдиња (Фестивал на Полски Играни Филмови) - Награда за режија: Јацек Блавут
2022 Гдиња (Фестивал на Полски Играни Филмови) - Награда за звук: Радослав Охнјо, Михал Фојчик
2022 Гдиња (Фестивал на Полски Играни Филмови) - Награда за монтажа: Пјасек & Вујчик
2022 Гдиња (Фестивал на Полски Играни Филмови) - Награда за карактеризација: Дариуш Кришак
2022 Гдиња (Фестивал на Полски Играни Филмови) - Награда на Радио Гдањск за звучни ефекти: Радослав Охнјо, Михал Фојчик
2023 „Орел” (Полска филмска награда) - Награда за најдобра сценографија: Марселина Початек-Куниковска
2023 „Орел” (Полска филмска награда) - Награда за најдобар звук: Радослав Охнјо, Михал Фојчик
Во 1940 година, додека трае избезумената евакуација на сојузничките војници, на плажите на Данкерк, полската подморница „Орел“ тргнува на опасна мисија во Северното Море. Во тоа време, таа ќе наиде на опасности од подводни мини, воздушни бомбардирања и непријателски бродови. Заканата од морнарицата и воздухопловните сили на непријателот - нацистичка Германија - е најголема, но не и единствена, што ја чека екипажот командуван од капетанот Јан Груџински. Екипажот мора да се соочи со се поголема физичка и ментална исцрпеност. Сепак, вистинскиот непријател е невидлив, скриен во клаустрофобната внатрешност на бродот.
Małgorzata Szlagowska-Skulska
malgorzata@ear.com.pl
Izabela Gierczak
iza@ear.com.pl
ORGANIZATOR
Fundacja Nowa Przestrzeń
Warszawa
+48 22 523 41 18