1. ФЕСТИВАЛ НА ПОЛСКИТЕ ФИЛМОВИ „ВИСЛА“ ВО МАКЕДОНИЈА

2022 година го насочи текот на „Висла“ на новите патеки – прв пат ги посетивме Бугарија, Романија, Словенија, а на почеток на Октомрви полската кинематографија ќе го најди своето место на македонските екрани. Тоа ќе се одвива во рамките на два филмски фестивали кои ќе имаат место во главениот град на државата, Giffoni и КинеНова.
На двата фестивали ќе презентираме вкупно шест филмови – сакајќи да им ја претставиме на македонските гледачи најшироката слика на современата полската кинематографија, ама и нејзините класици. На фестивалот КинеНова го избравме „Воз“ на Јежи Кавалерович, проекција со која сакаме да прославиме 100-годишнина од раѓањето на извонредниот режисер. Мелодрама со елементи на криминал е интимна психолошка студија и приказна за осаменоста, ама пред се и колективен портрет на Полјаците од крајот на педесеттите години. Ќе покажеме и два пати награден со „Златен Лав“ и четири пати награден со „Орли на Полската филмска академија“ (во тоа и за најдобриот филм) анимиран хорор на Мариуш Вилчињски „Убиј го ова и напушти го градот“ кој е автобиографска импресија, потестувајќи на сликите од детството на уметникот, сеќавање на починатите родители и родниот град Лоѓ. Главениот лик се крие во безбедните краишта на спомените, каде што времето застанува, а неговите најдраги се живи. Кога сфаќа дека вечна младост не постои се одлучува да се врати во вистинскиот живот.
Нашиот нареден предлог е драма на Пјотр Домалевски, „Што поделку оттука“ која раскажува приказна за револтирана тинејџерка Ола, која сонува за сопствениот автомобил и поголема независтност во животот. Неочекувана и трагична вест од Ирска, каде долги години работи нејзиниот татко, ја натера седумнаесет годишната девојка да тргне сама на далечно патување да го донесе телото на починатиот татко во Полска. Во „Белиот поток“, комедија на Михал Гжибовски се преселуваме во станбената населба со насловното име, каде пријателство на двата брачни парови - Михал и Ева и Каша и Бартек, ќе биде доведено до голема проба. Пријателството и љубовта во истиот момент се ставаат под знак прашалник, а меѓусебните сомнежи и на око невините лаги предизвикуваат уште поголеми недоразбирања.
Посебен предлог е драмата на Конрад Аксинович „Враќање во оние денови“, која ќе ја покажеме на двата фестивали – во автобиографската слика се запознаваме со приказната на четиринаесет годишниот Томек, чиј татко се враќа по долги години емиграција во САД. Во спротивност на изгледот не е тоа радосен настан – Алек се враќа во родниот град Вроцлав не само со парите, туку и со алкохолизам, факторот кој го уништува семејството.
Во рамки на Giffoni фетсивалот ќе го презентираме и „Детектив Бруно“ на Магдалена Њеќ и Марјуш Палеј. Филмот го претставува осум годишниот Оскар, кој во потрага за скриен подарок од родителите се одлучува да изнајми нему најдобро познат детектив, главен лик на омилената серија на момчето, кој во реалноста е откажан актер кој што не сака деца, а во моментот и доживува голема криза на неговиот имиџ. На почеток, помагањето на Оскар, за него е единствена шанса за поправка на имиџот, но на крај ѕвездата – негативец доживува неверојатна авантура со снаодливото момче. Со големо задоволство информираме дека на македонските фестивали полското кино ќе го презентираат режисерите – Конрад Аксинович, Пјотр Домалевски, Михал Гжибовски и актерка Агњешка Дулемба-Каша. Целта на Фестивалот „Висла“ е да се промовира полската култура надвор од границите на нашата држава, а преку неа пејзажи и опшество. Сакаме да го популаризираме знаењето за достигнувања на полското кино и негова улога во современата култура, и тоа го остваруваме во повеќето од четириесет градови во дваесет земји, десет месеци секоја година. Оваа сепак не е се! Наскоро ќе не сретнете и во Србија, Хрватска и Словенија. После Македонија, ќе ја посетиме и Босна и Херцеговина, а исто така и Казахстан. Благодарение на зголемениот интерес од страна на гледачите со секое наредно издание на „Висла“ се покрива пошироко подрачје, што може да се забележи во националните и странските медиуми.
За повеќе информации Ве покануваме да ја заследите веб-страницата на нашиот фестивал: www.festiwalwisla.pl, а исто така и нашите профили на социјалните мрежи: профилот на Фејсбук (Polish Film Festival "Vistula"/ Festiwal "Wisła") и на Инстаграм (vistula_festival), каде што редовно известуваме за сите наши настани. Ви посакуваме незаборавни сеанси полни со врвни искуства. Се гледаме во кината!
Се надеваме дека насловите кои ги избравме ќе ги исполнат сите очекувања на македонската публика, ќе и донесат многу емоции и долго ќе останат во памтење на гледачи.
Веруваме, дека првата проекција на „Висла“ во Македонија ќе биде преубав почеток на новата традиција, а избрани наслови ќе се вклопаат со вкусовите на нашите гледачи – се загриживме за жанровската и тематската разновидност, и затоа секој љубител на квалитетно кино ќе се пронајде во нашите проекции. Сакајќи да ги исполниме очекувањата на македонската публика, ги ибравме едни од највредни полски продукции и вложивме максимален труд за да подготвиме најразновиден репертоар. Фестивалот „Giffoni“ стартува на петти Октомври, а Фестиавлот „КинеНова“ започнува на седми Октомври.
Во рамките на Фестивал „Giffoni“ во Скопје меѓу 5ти и 10ти Октомври ќе бидат прикажани два полските филмови.
Во рамките на Фестиавл „КинеНова“ во Скопје меѓу 7ми и 13ти Октомври ќе и презентираме на македонската публика пет полски филмови.

Драги гледачи и љубители на полското кино! Со големо задоволство Ве информираме дека Фестивал „Висла“ пристигнува во Македонија! Прв пат ќе се сретнеме со македонската публика во Скопје, во рамките на Фестивал „Giffoni“ и „КинеНова“, кои ќе се оддржуваат помеѓу 5ти и 13ти Октомври. Гледачите ги очекуваат жанровска и тематски разновида програма, која е составена истовремено од најновите полски продукции, признани од полска и странска публика, но и од класици на родна кинематографија. Влезот на сите проекции е бесплатен.

wisła

ДИРЕКТОР НА ФЕСТИВАЛОТ

Małgorzata Szlagowska-Skulska
malgorzata@ear.com.pl

МЕНАЏЕР НА ПРОЕКТОТ

Anastazja Moshkovska
festiwal@ear.com.pl

КООРДИНАТОР НА ПРОГРАМАТА

Roksana Pietruczanis
roksana@ear.com.pl

Tel.

+48 22 523 41 18