Гости

Piotr Domalewski Пјотр Домалевски
Од 2010 година има реализирано десетина школски етиуди и краткометражни филмови, презентирани на фестивали во Полска и во странство. Автор на десетина театарски претстави и фимски сценарија, од кои еден, „Зближување“, бил ценет од комисија на ПИСФ и вклучен во програмата „Сценариски стипендија“ во 2015 година. Филмски сценарио на Домалевски за „Шеесет килограми на ништо“ бил реализиран во рамки на престижна програма „30 минути“ од Студио Мунка, кое ги поддржува младите перспективни режисери. Претставата „Пет квадратни метри“ ја освоила Наградата на Публика во финалето на седмото издание на полскиа современа драма „Метафори на реалноста“. Претставата „Тишина“ доделена од жирито на осмото издание на натпревар „Метафори на реалноста“ била реализирана како театар на телевизијата во рамки на програма ТЕАТРОТЕКА ВФДиФ. Во 2016 година, во театар на Театарската Академија во Бјалисток, својата премиера ја имала претставата „Биди како Беата“ во неговата режија. Во 2017 година го снимил својот дебитантски игран филм „Тивка ноќ“ во продукција на Студио Мунка. Филмот освоил Grand Prix 42 на Фестивалот на Полски Долгометражни Филмови во Гдиња и десет статуети доделувани од Полска Филмска Академија „Орли“. Негов филм „Што подалеку оттука“ освоил десетина награди на фестивали во Полска и неколку десетини други награди на странски фестивали, а во оние на Grand Prix на фестивалите во Арас, Монс, Пекинг, Делхи, Котбус, Берлин. Неговиот трет долгометражен филм „Зумбул“ сниман за Netflix, освоил три награди на Полскиот Филмски Фестивал во Гдиња и Grand Prix на фестивалот Camerimage во полскиот натпревар.


Agnieszka Dulęba-Kasza Агњешка Дулемба-Каша
Театарска и филмска актерка. Дипломирала на Филмската Школа во Лоѓ. Глумела во филмови како „Lichter“ на Ханс Кристијан Шмид, „Non Sono Io“ на Габриеле Јаковоне и „Белиот поток“ на Михал Гжибовски, за кои била номинирана на Филмскиот Фестивал Кози за најдобрата женска споредна улога. Глумела и во следните серии: „За мене не се грижи“, „Елементите на Саша“, „Ултравиолет“, „Трага“ и „Лекари ноќе“. Го створила и брендот www.rudaklara.pl, кој обединува уметници кои се занимаваат со рачна изработка и дизајн.







Michał Grzybowski Михал Гжибовски
Режисер, актер и сценарист. Дипломирал на Филмската Школа во Лоѓ и Школата на Вајда. Автор на независна комедија „Non Sono Pronto“ која раскажува за актерите кои дебитираат во филмската средина, за која добил и почесно признание на ФПФФ во Гдиња. Во 2014 година Студио Мунка го реализирало неговиот „Хитлер во операта“, во кој, на перверзниот начин, ја допре темата на национални предрасуди. „Белиот поток“ е негово долгометражно деби забележано од програмата ПИСФ Микробуџет – Првиот Филм. Секојдневно глуми и режира во театар.








Konrad Aksinowicz Конрад Аксинович
Роден на 8 ми ноември 1978 година во Вроцлав. Го воспитале три феномени на осумдесеттите години: „Војна на ѕвездите“, ЛЕГО коцки и „Мапет шоу“. Пробивната година се покажа дека е 1985 година. Проекцијата на „Враќање на Џедај“, шестиот дел од „Војни на ѕвездите“ предизвикала неповратни промени во животот на Конрад, благодарение на кои тој поверувал дека филмските галаксии се најдоброто место за негова иднина. Во средно училиште снимал краткометражни филмови: „Алабама“ (1996), за која добил награда на Министерот на Национално Образование. По завршувањето на средното образование заминал во Австралија, каде што добил стипендија од Факултетот на Визуелни Уметности во Сиднеј. Во 2004 година се вратил во Полска, каде ги снимал музичките спотови и реклами. Конрад е режисер на долгометражни филмови: „Промена“ (2009), „Во спирала“ (2015), „Враќање во Леголанд/ Враќање во оние денови“ (2021). Ја напишал и книгата „Филмската самореализација“. Исто така е и лидер и вокал на бендот AKX со четири студиски албуми: „So pure“ (2011), „Legopunk“ (2016), „ Dasfurtenfaf“ (2018) и најновата „Play“ (2021).







wisła

ДИРЕКТОР НА ФЕСТИВАЛОТ

Małgorzata Szlagowska-Skulska
malgorzata@ear.com.pl

МЕНАЏЕР НА ПРОЕКТОТ

Anastazja Moshkovska
festiwal@ear.com.pl

КООРДИНАТОР НА ПРОГРАМАТА

Roksana Pietruczanis
roksana@ear.com.pl

Tel.

+48 22 523 41 18