Што значи името на нашиот Фестивал? „Висла“ е кралица на полските реки!

Најдолгата река во Полска – Висла – го започнува своето течение во планините на јужните делови од земјата. Нејзини извори: Бела Виселка и Црна Виселка се наоѓаат во близина на месноста Висла, на Баранја Гора (1107 м н.м.в.) во Бескид Шлонски. Минијатурните изворчиња се преточуваат во голема река, која тече низ седумдесет и пет места, и тоа низ најголемите градови во Полска – Краков, Варшава, Торуњ, Плоцк, Бидгошч, Гдањск. Реката долга преку илјада километри се влива на северот на Полска во Балтичко Море.
Висла е една од последните „диви“ реки во Европа и место на живеење за многу видови риби, птици, ама оваа не е единствена причина заради која стана симбол на Полска и националниот идентитет. Наоколу неа низ вековите се граделе градови, се обработувала земјата, исто така бил развиен и водениот сообраќај. На тој начин работеле сплавари и земјоделци, за кои тоа беше додатна сезонска работа. Како што поминувало времето твореле свои обичаи и свој вокабулар.
Висла е поврзана со реки и канали со Одра, Нјемн, Днјепр. Од 2008 година во Варшава организиран е „Празникот на Висла“ кој е водена забава на реката, а негова цел е промоција на сите форми на водни активности. Од неколку години се одржува и годишниот „Кралски Флис на Висла“ од вливот на Пшемша до Гдањск. На иницијатива на социјалниот комитет, Собрание на Република Полска ја прогласи 2017 година, меѓу другите, како Година на Реката Висла.



wisła

ДИРЕКТОР НА ФЕСТИВАЛОТ

Małgorzata Szlagowska-Skulska
malgorzata@ear.com.pl

МЕНАЏЕР НА ПРОЕКТОТ

Anastazja Moshkovska
festiwal@ear.com.pl

КООРДИНАТОР НА ПРОГРАМАТА

Roksana Pietruczanis
roksana@ear.com.pl

Tel.

+48 22 523 41 18