За Кавалерович
Жанр: психолошка драма
Режисер: Јежи Кавалерович
Сценарио: Јежи Лутовски, Јежи Кавалерович
Кинематограф: Јан Ласковски
Музика: Анджеј Тшасковски
Филмска монтажа: Вјеслава Отоцка Сценографија: Ришард Потоцки Продуцент: Јежи Рутович
Продукциска куќа: „Филмска Група Кадар“
Премиера: 1959
Времетраење: 93 минути
Улоги: Луцина Винњицка, Леон Њјемчик, Тереза Шмигјелувна, Збигњев Цибулски, Хелена Домбровска, Игнаци Маховски
Награди:
1959 Венеција (Меѓународен Филмски Фестивал) – Premio Evrotecnica Georges Melises
1959 Венеција (Меѓународен Филмски Фестивал) – актерска награда за Луцина Винњицка
„Златна Патка “ (доделувана од списанието „Филм“) – награда во категорија најдобар полски филм (доделена 1960 година)
Интимна психолошка студија која продира во внатрешните емоционални состојби на луѓето кои ноќта ја поминуваат заедно во купе од вагонот за спиење. Задлабочени во сопствените драми, ликовите на филмот остануваат внатрешно осамени. Билетот купен за случајно одбрано седиште во возот од Варшава за Хел, неочекувано спојува млада дама со непознат маж. Марта, која зад себе крие длабока емотивна драма, а од друга страна, непознат маж – доктор – кој не може да се помири со смртта на млада пациентка: девојка која починала на операциона маса после обид за самоубиство. Третата личност во драмата е момчето Сташек, кое ја следи Марта на секој нејзин чекор, поради неговата – еднострана – љубов кон неа. Во купето има и стар адвокат со млада жена, која кокетира со останатите мажи, сакајќи да го привлече нивното внимание, началникот на возот кој флертува со кондуктерката и поп. Веста за убиството во возот, која брзо ја дознаваат патниците и растечките сомнежи дека убиецот е еден од нив, доведуваат до обид за самоволен суд.
Małgorzata Szlagowska-Skulska
malgorzata@ear.com.pl
Anastazja Moshkovska
festiwal@ear.com.pl
Roksana Pietruczanis
roksana@ear.com.pl
+48 22 523 41 18